Владата почнува информативни видеосесии КОВИД-19, прашања и одговори

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Информативните видеосесии опфаќаат одговори на актуелни прашања поврзани со најновите мерки кои ги презема Владата на Република Северна Македонија за справување со последиците од инфекцијата, соопшти владината прес-служба.

Владата од денеска почнува со серија информативни видеосесии „КОВИД-19, прашања и одговори”, поврзани со актуелната состојба со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19.

Информативните видеосесии опфаќаат одговори на актуелни прашања поврзани со најновите мерки кои ги презема Владата на Република Северна Македонија за справување со последиците од инфекцијата, соопшти владината прес-служба.
Во денешната видеосесија „КОВИД-19, прашања и одговори”, за новите рестрикции на движењето за граѓаните на ниво на целата територија, кои почнуваат од денеска, ќе говорат министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и дополнителната заменичка-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот