Владата отвори фронт за борба со дезинформациите

Владата изготви Акциски план за справување со дезинформациите кои, како што изјави денеска премиерот Зоран Заев, стануваат сериозен упад во демократските и изборните процеси и влијаат на довербата на граѓаните во институциите и медиумите. Како што рече Заев планот опфаќа две компоненти, безбедносни и проктивни.

Планот опфаќа ревидирање на постоечките системи и процедури со цел намалување на можност за протекување на сензитивни информации, безбедно користење интернет, службена пошна, службен мобилен телефон, зајакнување на внатрешната инфраструктура и спречување на надворешни напади, протокол за кризни комуникации меѓу влада и министерствата за спротиставување на дезинформации кои се шират преку интернет портали и социјалните мрежи.

Заев рече и дека одговорите на прашања на граѓани и медиуми ќе се објавуваат на веб страната на Владата, а ќе се формира и акциска група за борба против дефинформациите која ќе ја координира министерот Роберт Поповски.

Премиерот најави и кампања за едукација за постоењето на штетното вијание на дезинформациите, за подигање на нивото на медиумска писменоста, како и за едукација на новинарите кои ги следат владините активности.

-Дезинформациите се еден од главните предизвици за демократијата во 2019 година и алатка за манипулација со граѓаните. Злоупотребата на технологијата за креирање лажни ентитети и  непостоечки измислени случувања станаа сериозен упад во демократските и изборните процеси и сериозно се закануваат да влијаат на довербата на граѓаните во институциите и медиумите, изјави на денешната прес-конференција премиерот Заев.

Тој додаде дека земјава во изминатите две години во повеќе наврати се соочила со масовно ширење дезинформации на социјалните мрежи и на традиционалните медиуми, а, како што рече, дел од информациите биле споделувани и од територии на други држави.

-Како одговор на овие сајбер закани и согласно заложбите за отвореност, отчетност и транспарентност Владата работи на Акциски план за справување со дезинформациите на системско ниво. Наша цел е да ја зајакнеме нацоналната безбедност и сигурноста на граѓаните на нашата земја и да ја браниме и унапредуваме демократијата, рече  Заев.

Тој појасни дека планот ќе биде даден на јавна дискусија и оти до изработката на неговата финална верзија ќе бидат чуени мислењата на сите чинители во општеството. Планот се состои од два дела, во првиот се опфатени безбедносни, а во вториот проактивни мерки.

Засега е отворено прашањето од каде точно ќе се обезбедат пари за финансирање на реализацијата на активностите од акцискиот план, како и тоа дали парите што би се давале за подигање на медиумска писменост и едукација на новинарите нема да бидат начин за нивна корупција од страна на Владата.

Заев рече дека нема да се даваат буџетски средства туку и пари од фондови, како и тоа дека планот не е конечен односно дека ќе се доработува и во него ќе се внесат забелешките на сите засегнати страни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот