Владата одобри влегување и престој на странски вооружени сили поради воената вежба „Одлучен удар 21″

Фото: mia.mk
Странски вооружени сили ќе можат да влезат и престојуваат на територијата на Република Северна Македонија, заради учество на воена вежба „Одлучен удар 21″, одлучи Владата на денешната 64-та седница.
Како што соопштуваат од владината прес-служба, вежбата ќе се одржи во период од 28 април до 30 јуни 2021 година, и е дел од големата годишна, здружена, мултинационална вежба „DefenderEurope – 21″ на која учествуваат околу 1.300 припадници на Армијата на Република Северна Македонија, 500 припадници од Вооружените сили на Соединетите Американски Држави, 20 припадници од Вооружените сили на Република Грција и 20 припадници од Вооружените сили на Република Бугарија, со возила, вооружување, опрема, материјално-технички средства и воздухоплови.
Информацијата за која беше донесена одлука на денешната седница е по предлог на Министерството за одбрана

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот