Владата одобри повеќе од 900 специјализации на медицински кадри во следните три години – Слободен печат
ВестиМакедонија

Владата одобри повеќе од 900 специјализации на медицински кадри во следните три години

Како што информираат од владината прес-служба за 2019 година одобрени се вкупно 346 специјализации.

Владата на денешната седница  ја усвои програмата за потребите од специјалистички и супспецијалистички кадар, согласно со мрежата на здравствени установи (2019-2022).

Како што информираат од владината прес-служба за 2019 година одобрени се вкупно 346 специјализации, за 2020 година вкупно 241 специјализација, за 2021 година 184 специјализации и за 2022 година вкупно 160 специјализации.

Покрај специјализациите, Владата одобри и супспецијализации и тоа за 2019 година вкупно 69 супспецијализации, 24 за 2020 година, за 2021 година се одобрени вкупно 22 супспецијализации и за 2022 година – 16 супспецијализации.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close