Владата одобри подзаконски пропис, од утре ќе продолжи издавањето лични карти

Лична карта лични карти документи
Издавање на новите лични карти/ Фото: МИА

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната стота владина седница информирал дека подзаконскиот пропис во врска со издавањето на обрасците на новите лични карти ќе биде објавен уште во текот на денешниот ден во „Службен весник”, и со тоа ќе се овозможи веднаш да започне печатењето и издавањето на личните карти на граѓаните согласно нивните поднесени барања.

Како што се посочува во владиното соопштение, денешната седница била со единствена точка на дневен ред на која била разгледана Информација за надминување на актуелната состојба во врска со издавање на обрасците на новите лични карти.

На седницата Владата го задолжи министерот да ги преземе сите потребни активности за донесувањето на подзаконски пропис согласно овластувањето од Законот за лични карти и да го усогласи со одредбите од Законот за употреба на јазиците со што се овозможува непречено издавање на обрасците за барање за издавање на личната карта, образецот на потврдата за поднесено барање за издавање лична карта, образецот за личната карта, постапката за издавање и замена на личната карта, како и за начинот за водење на евиденцијата за издадени лични карти. Спасовски, како што се посочува, ги информира премиерот и министрите дека подзамконскиот пропис ќе биде објавен до крајот на денот во „Службен весник” и дека од утре ќе се овозможи печатење и издавање лични карти.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот