Владата одобри 60 милиони денари за чистење на индустрискиот отпад од ОХИС

Владата на денешната 160-та редовна седница донесе одлука за одобрување на 60 милиони денари од Буџетот за 2019 година за чистење на индустрискиот токсичен отпад (линдан) во поранешната фабрика ОХИС во Скопје.

Средствата, како што информираат од владината прес-служба, ќе бидат уплатени на сметката на Канцеларијата за проектни услуги на Обединетите нации, со која Владата и Кралството Норвешка подготвија план за чистење на еколошкото жариште ОХИС.

Генерален секретаријат на Владата на денешната седница, исто така, информираше дека е целосно завршена постапка за отстранување опасни и експлозивни ствари по животната средина и по безбедноста на граѓаните на компанијата „Теас-Темко”.

Постапувајќи по заклучок на Владата, Генералниот секретаријат врз основа на договорот со единствениот понудувач Тrayal корпорација АД „Крушевац” – Република Србија, конечно ја отстрани надвор од границите на државата големата количина опасни и експлозивни ствари што претходно беа во сопственост на АД „Теас-Темко” на имотот на АД „Макпетрол” во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот