Владата одлучи: Основните прехранбени продукти не смеат да поскапуваат до 31 јануари 2022

маркет
Фото: Архива на Слободен печат

Владата донесе одлука да ги замрзне цените на производите коишто граѓаните секојдневно и најчесто ги купуваат, на нивото што го имале на 1 декември.

Станува збор, за лебот, брашното тип-400, сончогледово масло за јадење, трајното млеко, свежото месо и сувомеснатите производи, како и сирењето и урдата.

Одлуката доаѓа во пресрет на најавениот ценовен шок, а од владата велат дека целта е да се зачува животниот стандард.

-Следејќи ја економската состојба предизвикана од здравствената криза на ковид-19 и енергетската криза во светот, како и потрошувачката моќ на граѓаните во Македонија, се оцени за потребно да се ограничан цените на слободниот пазар, единствено на примарните прехранбени производи, кои се доминантни производи за консумирање, вели Мухамед Хоџа – Портпарол на Влада.

Дел од граѓаните ја поздравија Владината мерка кој се носи во очи на празниците, други пак сметаат дека одлуката е задоцнета.

Своја оценка за замрзнувањето на цените даде и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според него ваквата мерка ќе ја амортизира кризата, но сепак вели истата е задоцнета

-Тоа можеби ќе го ублажи, но никако не може да го овој бран на зголемена инфлација и намален стандард на граѓаните и тоа не се прави со ограничување на цената на производите, тоа е мерка која што е само една од сетот мерки кои што требаше да се преземат, вели Мицкоски.

Според законот, за спроведувањето на оваа одлука задолжен е Државниот пазарен инспекторат.. За трговците што ќе ја прекршуваат, предвидени се казни од 800 евра до 10.000 евра. Од инспекторатот апелираат граѓаните да пријавуваат кај нив доколку забележат непочитување на мерката..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот