Владата од ТАВ бара пренамена на средствата за карго аеродромот меѓу Свети Николе и Штип

Предлог-нацрт договорот до ТАВ е доставен пред повеќе од еден месец.

Наместо изградба на карго аеродром меѓу Свети Николе и Штип, средствата во висина од околу 50 милиони евра да се искористат за изградба на нови водоводи, канализации, градинки и училишта низ општините во земјава. Ваквиот Предлог – нацрт договор Владата го испратила до ТАВ од каде како што велат очекуваат одговор во најбрз можен рок.

– Станува збор за средства во висина од околу 50 милиони евра и доколку добиеме позитивен одговор, средствата ќе се слеат во буџетот и со нив ќе се градат инфраструктурни проекти низ државата. Очекуваме во најбрз временски период, тоа да биде решено со ТАВ, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Тој посочи дека Предлог-нацрт договорот до ТАВ е доставен пред повеќе од еден месец. Од овие средства Општина Свети Николе очекува околу 800.000 евра за инфраструктурни проекти, додека Штип над еден милион евра за изградба на водоводна линија два, која ќе значи развој на бањолошкиот туризам од Кежовица, како и стабилно водоснабдување за неколку штипски населби и индустриски зони.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот