Владата нуди 10 отсто зголемена плата, СОНК ќе одлучи до крајот на неделата

Училиште Фото: Профимедиа

На денешната средба меѓу Владата со претставниците од СОНК, беа понудени 10 отсто зголемување на платите на наставниците и професорите во основното, средното и високото образование со почеток од април следната година.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков изјавил дека синдикатот ќе ја разгледа понудата и до крајот на неделата ќе даде одговор.

Доколку понудата од 10 отсто не биде прифатена, нареден месец би се одржал генерален штрајк.

Овој предлог до СОНК го дадоа денеска премиерот Зоран Заев и министерот за образование Арбр Адеми на средбата со претставникот на СОНК Јаким Неделков.

СОНК првиот учебен ден од оваа учебна година го започна со штрајк и бараа зголемување на платите за 25 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот