Владата не открива кој ќе биде новиот Министер за финансии – Слободен печат
ВестиЕкономија

Владата не открива кој ќе биде новиот Министер за финансии

Поради тоа „Слободен печат“ побара официјален став од страна на Владата во врска со ова прашање и дали Министерството за финансии ќе добие министер.

Во врска со вчерашните шепкулации за назначување на нов министер за Финансии,„Слободен печат“ побара официјален став од страна на Владата во врска со ова прашање и дали Министерството за финансии ќе добие министер.

– За време на вчерашната 150-та владина седница ова прашање воопшто не беше точка на разговор. Министер за финансии избира Собранието на предлог на премиерот. За ова прашање информациите ги има само премиерот, па кога истото ќе биде затворено јавноста ќе биде соодветно информирана“, велат од владиниот кабинет.

Како што објавивме во текот на вчерашниот ден, како нов министер и најсериозен кандидат се споменуваше Нина Ангеловска, ко-основач и извршен директор на платформата „Групер“.

Инаку за потсетување, од разрешувањето на Драган Тевдовски во јуни, со Министерството за финансии управува заменик-министерката Ширет Елези, а политиките во овој ресор ги води премиерот Зоран Заев. Премиерот првично предложи тој да биде и министер за финансии, но од Антикорупциската комисија излегоа со мислење дека тој нема право биде и премиер и министер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close