Владата не го признава името на ќерката на Илон Маск и Грајмс

Фото: Профимедиа

Поранешната сопруга на сопственикот на „SpaceX“, „Tesla“ и „Twitter“ Илон Маск, Клер Бушер попозната како Грaјмс реши да го смени името на детето, пренесува „Page Six“.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Пејачката Грaјмс одлучила да го смени името на својата ќерка и за тоа напиша на својот Инстаграм.

„Таа сега е Y, или „Зошто?“, или едноставно „?“. Но, владата не го признава тоа. Љубопитност, вечно прашање… и слично“, напиша Грејмс.

Илон Маск и Грајмс почнаа да се забавуваат во 2018 година. Во мај 2020 година, парот доби син, кого го нарекоа X Æ A-12. Во септември 2021 година, тие објавија дека се разделуваат, а три месеци по раскинувањето, во декември, сурогат мајка ја роди нивната ќерка Y.


Во март 2022 година, се дозна дека Грaјмс се забавува со трансродова жена, Челзи Менинг, но тие раскинаа во јули.

ФОТО | Колку наследници има Илон Маск, новиот сопственик на Твитер

ФОТО | „Направив нешто лудо“: Дали Грајмс ги оперираше ушите за да „изгледа како елф“?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот