Владата на Вучиќ им ги зголеми платите на административците за 5,5%

Фото: Влада на РСМ

Владата на Република Србија на денешната седница усвои нови законски измени со кои се зголемува основицата за пресметување и исплата на платите, почнувајќи од платата за септември 2023 година, со што оваа основица се зголемува за 5,5 отсто за вработените во неколку области, сектори и институции, пишува Нова.рс. 

Како што е најавено, ова зголемување на платите, во областа на образованието, ќе го добијат вработените во предучилишното, основното и средното образование, како и вработените на универзитите.

Зголемени плати од септември ќе добијат и вработените во здравството и социјалната заштита: медицински сестри и техничари во здравствени и други установи – Спортски завод, установи за извршување на кривични санкции, потоа негувателки и медицински сестри во социјална заштита.

Овој заклучок е донесен со цел спроведување на одредбите од измените на Законот за буџетот на Република Србија за 2023 година. Членовите на Владата донесоа и правилник за ограничување на цените на основните прехранбени производи, со што ќе се намали цената на брашното, по падот на цената на пченицата на пазарот. Намалените цени важат за брашно од типот Т-400 мазно, во пакувања до еден килограм и брашно од типот Т-500 во пакувања од еден килограм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот