Владата на Србија му наложи на Министерството за одбрана да покрене постапка за враќање на задолжителниот воен рок

Влада на Република Србија / Фото: МИА

Владата на Србија денеска му наложи на Министерството за одбрана да покрене постапка за повторно воведување на задолжителен воен рок.

Во соопштението, по седницата на кабинетот на премиерот Милош Вучевиќ, беше наведено дека членовите на Владата донеле и заклучок со кој тоа ќе го наложи Министерството за одбрана.

Обврската за отслужување на воениот рок во Србија беше укината на 1 јануари 2011 година, со што земјата се префрли на моделот на професионални вооружени сили, со можност за доброволно служење воен рок.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претходно денеска изјави дека како врховен командант го потпишал договорот за редовен воен рок на 75 дена.

Сакам да верувам дека сите разбирате колку ни е потребна силна армија, уште колку ќе треба да купуваме оружје, да правиме, да создаваме“, рече Вучиќ.

На промоцијата на најмладите поручници на Војската на Србија во Белград рече дека Србија не сака никого да нападне, ниту ќе го стори тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот