Владата на Нов Зеланд со интересна кампања: Како би реагирале доколку ѕвездите на филмовите за возрасни ви се појават на врата наутро? (ВИДЕО)

јутјуб

Невообичаениот промотивен спот на владата од Нов Зеланд, со кој се пропагира заштита за децата на интернет досега е прегледан повеќе од 10 милиони пати.

Видеото настанало како дел од кампањата со наслов „Keep It Real Online“ која се занимава со едукација на децата за употребата на интернетот, а ги прикажува двајцата актери во улога на пријателски настроени порно актери Дерек и Су.

Тие двајца го прекинуваат утринското кафе на мајката на малолетниот Мет за да ја известат дека нејзиниот син ги гледа нивните филмови на интернет, советувајќи ја дека треба да поразговара со него.

Тие предупредуваат дека порно-филмовите не се добри примери, особено за некој кој е толку млад, затоа што децата како што е нејзиниот син, се уште не знаат како функционираат врските во „вистинскиот“ свет, пишува Индепендант.

„Обично настапуваме за возрасни, но вашиот син е само дете. Веројатно не знае како функционираат врските“, вели Су на збунетата мајка Сандра. Мајката на крајот му вели на синот дека мора да поразговараат, но „без обвинувања“.

Владата на Нов Зеланд со оваа кампања предупредува на неопходноста да се заштитат децата на интернет и укажува на проблемите на децата кои ги користат порно-филмовите за да дознаат нешто повеќе околу сексот, што не е добро за нивното разбирање кон сексот во времето кога растат.

Промотивниот спот на владата се здоби со исклучително добро прифаќање и доби бројни пофалби за проактивниот пристап кон решавањето на овој проблем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот