Владата на Косово додели над 305.000 евра за украински и авганистански новинари во Косово

Архива на СП

Владата на Косово одвои 305.710 евра за поддршка на украинските и авганистанските новинари кои престојуваат во Косово. Барањето за доделување на овие буџетски средства го упати Министерството за надворешни работи и дијаспора.

Министерот за финансии Хекуран Мурати рече дека средствата ќе бидат преземени од категоријата непредвидени трошоци.

„Доделовме над 305 илјади и 710 евра за поддршка на украинските и авганистанските новинари кои се згрижени во Косово.
Средствата се преземени од категоријата непредвидени трошоци и се префрлаат во Министерството за внатрешни работи  во Косово. Ова е одлуката што овозможува престојот на украински и авганистански новинари да биде покриен и за оваа година“ – изјави Мурати.

Некои украински новинари кои беа принудени да ја напуштат својата земја по руската инвазија сега живеат во Приштина во рамките на програмата „Новинари во Косовска резиденција“.

Оваа програма е финансирана од Владата на Република Косово и покрива трошоци за живот, плати и канцеларии во период до шест месеци, за да им се овозможи на украинските новинари да работат од далечина.

Во меѓувреме, во декември 2022 година, Владата на Косово одобри буџет од 30.000 евра за сместување на авганистанските новинари. Извршната власт соопшти дека Косово ќе прими пет новинари од Авганистан и тие ќе можат да останат во земјата две години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот