Владата на Џонсон ја замрзнува претплатата за Би-Би-Си

Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Владата на конзервативниот премиер Борис Џонсон денеска објави дека ќе го замрзне финансирањето на медиумската корпорација Би-Би-Си на две години и ќе почне дебата за тоа дали претплатата за британскиот јавен сервис треба да продолжи, пренесува Ројтерс.

Министерката за култура на Џонсон, Надин Дорис, изјави денеска во парламентот дека Би-Би-Си, треба да стане поедноставна, поштедлива организација во време кога британската јавност се соочува со зголемени трошоци за енергија и даноци. Дорис рече дека владата има намера да ја замрзне претплатата на Би-Би-Си во износ од 159 фунти (217 американски долари) по домаќинство до 2024 година, така што по тој рок, претплатата може да се прилагоди на стапката на инфлација во следните четири години.

Таа најави дека годинава за Би-Би-Си ќе бидат издвоени околу 3,7 милијарди фунти, но експертите и аналитичарите најавуваат дека буџетот кој не е во согласност со стапката на инфлација, ќе ја принуди оваа медиумска корпорација да го намали опсегот на своите услуги.

Британскиот премиер најави дека има намера да ја укине телевизиската претплата, што предизвика лавина критики од опозицијата – Лабуристичката партија верува дека со тој план, Џонсон сака да го оттргне вниманието од неговата „парти-гејт” и забави што ги организирал во седиштето на валдата за време на „локдаун”.

Во 2019 година Борис Џонсон најави реформа на системот за претплата на ТВ.

Во моментов, Би-Би-Си добива 3,2 милијарди фунти годишно преку претплати, што го сочинува најголемиот дел од буџетот на јавниот сервис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот