Владата на Џонсон го претрпе првиот пораз од изборите во декември

Фото: EPA-EFE/MARK MARLOW

Законот сега е во Домот на лордовите, каде владата нема мнозинство. Не се очекува да биде блокиран од овој дом, но лордовите бараат да се направат некои измени.

Конзервативците на Џонсон добија големо мнозинство во долниот дом на парламентот на предвремените избори на 12 декември, а пратениците брзо го усвоија предлог-законот овој месец за ратификување на договорот за напуштање на ЕУ.

Британската влада на премиерот Борис Џонсон синоќа во парламентот го претрпе првиот пораз од изборите во декември, бидејќи горниот дом гласаше за заштита на правата на европските граѓани во Велика Британија по Брегзитот.

Законот сега е во Домот на лордовите, каде владата нема мнозинство. Не се очекува да биде блокиран од овој дом, но лордовите бараат да се направат некои измени.

Домот на лордовите гласаше со големо мнозинство (270 „за“, 229 „против“) за амандманот изнесен од проевропските либерални демократи, со кој ќе им се даде право на европски граѓани да останат во земјата по Брегзитот без да поднесат барање до владата за да останат.

Тие исто така ќе се погрижат да им се даде физички доказ дека имаат право да останат во земјата. Владата соопшти дека овие луѓе ќе добијат безбеден статус поврзан со нивните пасоши.

Портпаролот на Џонсон не може да потврди дека европските граѓани навистина може да добијат таков  документ.

Било какви измени во законот донесен од страна на Домот на лордовите мора да бидат вратени во Долниот дом на одобрување, што значи дека тие на крајот може да бидат отфрлени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот