Владата ќе го крати бројот на членови во управните и надзорите одбори

Љупчо Николовски/ фото: Миа

Владата ќе му предложи предлог-закон на Собранието, со кој значително ќе се намали бројот на членови во управните и надзорните одбори. Законското решение е на Министерството за економија, а чекорот го соопштија од кабинетот на заменикот на претседателот на владата за борба против корупцијата, Љупчо Николовски.

Според соопштението од неговиот кабинет, новата регулатива треба да го подобри и изборот на кадри за тие позиции како и да воведе ред во висината на надоместокот кој го земаат членовите на управни и надзорни одбори.

-Министерството за економија го подготви Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавни претпријатија. Со новото законско решение се намалува бројот на членови на управни одбори, и тоа во државните претпријатија од 15 на 7 члена, а во општинските на 5 члена. Кај надзорните одбори бројот на членови се намалува од 5 на 3 члена. Дополнително со измените и дополнувањата, се регулира постапката за избор на членовите на управни и надзорни одбори и висината на надоместокот, соопштија од кабинетот на Љупчо Николовски.

Постапката за избор на кадрите, надоместоците па и улогата на управните и надзорните одговори во одредени јавни претпријатија се честа основа за критика кон владејачките гарнитури во земјата. До јавноста најчесто стигнуваат примерите кога одреден партиски функционер ќе биде избран за одбор кој не е блиску до неговото образование и искуство, па на процесот се гледа само како на вдомување и награда за партиски кадри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот