13 C
Скопје

Владата ќе решава по предлогот за полициски час од 23 до 5 часот и работа на угостителските објекти до 22.30

Владата денеска на седница треба да решава по предлогот на Главниот координативен кризен штаб за скратување на полицискиот час и за продолжување на работното време на угостителските објекти.

Кризниот штаб вчера на седница ги разгледа предлозите пристигнати од Министерството за здравство и врз основа на нив и предложи на Владата на својата наредна седница да усвои одлука со која забраната и посебниот режим на движење ќе трае од 23 до 5 часот наредниот ден и времето за работа на угостителските објекти со гости само во отворениот дел – летни тераси и градини – ќе биде до 22.30 часот.

Како што соопшти вчера владината Прес-служба, наведените предлог-мерки ќе бидат разгледани на следната седница на Владата и доколку бидат усвоени, би важеле од утре.

Поврзани вести

ВИДЕО | Се слушна ѕвоното во Детската клиника: Малата Ана ја доби борбата со болестите

Слободен печат

Утре се одбележува Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот

Слободен печат

Бегал од полиција, па со 140 км на час удрил во лежечки полицаец

Слободен печат

Двајца станари со деменција побегнале од старечкиот дом во Тенеси благодарение на воената обука, персоналот казнет

Слободен печат

Деспотовски: Заврши времето на евтина работна сила, немаме луѓе за извоз

Слободен печат

Успорената демографија нема да ја сопре Кина

Гидеон Рахман/Financial Times

Остави Коментар