Владата ќе одвои 4.5 милиони евра за „зелена нафта“

Со средствата добиени од кредитот од Светска банка во висина од 50 милиони евра ќе се изградат трите откупно-дистрибутивни центри во Скопје, Стгрумица и Ресен, најави министерот Димковски.

Поддршката за земјоделците преку доделувањето на „зелена нафта“ се зголемува од 30 на 50 отсто, а ваквата одлука не е предизборна туку истата е донесена поради корона кризата, вели министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Трајан Димковски. Според него овие средства им се неопходна на земјоделците за да можат да бидат поконкурентни.

Димковски информираше дека договорот за картичките преку кои земјоделците ќе може да купуваат „зелена нафта” е веќе потпишан со економскиот оператор. Поради рестриктивното движење и потребата од држење дистанца, картички ќе треба да подигнат само околу 5.000 производители – оние што не ја користеле оваа мерка. На останатите, пак, кои веќе имаат картички, тие ќе им бидат само надополнети, зависно од културите и површините со кои располагаат.

Министерот најави дека со средствата добиени од кредитот од Светска банка во висина од 50 милиони евра ќе се изградат трите откупно-дистрибутивни центри во Скопје, Стгрумица и Ресен, но, дел од средствата ќе се искористат и за регистарот, односно пописот на државното земјоделско земјиште, вклучувајќи ги и пасиштата.

Во врска со петте милиони евра поволни кредити преку Развојната банка кои може да ги користат микро, малите и средните претпријатија, Димковски информира дека условите се значително подобрени. Се работи за постоечка, редовна кредитна линија за која е зголемен максималниот износ од 300.000 на 500.000 евра, рокот за отплата е зголемен на 24 месеци за обртни средства, односно на 10 години на основни средства, а камата е фиксна и изнесува два отсто.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот