Владата ќе одржи редовна седница

Влада зграда
Фото: Архива на „Слободен печат“

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 41-ва седница на која на дневен ред ќе се најдат повеќе точки меѓу кои и Програмата за работа за 2021 година на Агенција за енергетика.

Ќе бидат разгледани и Предлог-програмата за промоција и поддршка на туризмот за 2021 година и Програмата за работа на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за 2021 година.

На предлог на Министерството за финансии на денешната седница ќе се расправа и за информацијата за Програмата на економски реформи 2021-2023 година.

Министрите на оваа седница ќе се произнесат и за Годишниот финансиски план на Агенцијата за планирање на просторот во 2021 година.

Седницата на Владата е предвидено да се одржи преку интернет видео конференциска врска со почеток во 12:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот