Владата ќе одржи редовна седница

Влада зграда
Фото: Архива на „Слободен печат“

Владата денеска ќе одржи редовна седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа, а дел од нив се однесуваат на економијата и образованието, информира владината прес-служба.

На седницата, на предлог на Министерството за образование и наука ќе се разгледуваат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработниците во основните и средните училишта и Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование.

Владата на предлог на Министерството за економија на седницата ќе разгледува неколку точки на дневен ред, меѓу кои Предлог-законот за изменување на Законот за данокот на добивка и Предлог-законот за изменување на Законот за енергетска ефикасност.

Пред министрите, според дневниот ред на денешната седница, ќе се најде и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за управната инспекција, по скратена постапка. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот