Владата ќе обезбеди свеж капитал за поддршка на малите и средни претпријатија

Примарна цел на оваа кредитна линија е обезбедување на свеж капитал за поддршка и за  надминување на проблемите кои произлегуваат од новонастанатата состојба со појава на коронавирусот КОВИД-19 кој директно го погодува работењето на малите и средните претпријатија

Владата на Република Северна Македонија на денешната 32-та седница  донесе Одлука за субвенционирање на каматата спрема Европската инвестициона банка која ќе се пресметува на преостанатиот дел од заемот во износ од 50.962.187,00 евра одобрен со Финансискиот договор, наменет за финансирање на мали и средни претпријатија и други приоритетни проекти – V фаза, склучен меѓу Европската инвестициона банка и Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, како и пресметаната камата од страна на Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје.

Примарна цел на оваа кредитна линија е обезбедување на свеж капитал за поддршка и за  надминување на проблемите кои произлегуваат од новонастанатата состојба со појава на коронавирусот КОВИД-19 кој директно го погодува работењето на малите и средните претпријатија,  во насока на мерките за стимулирање на работењето на мали и средни претпријатија преку пронаоѓање на модалитети за стимулирање на процесот на производство, обезбедување на ликвидност на претпријатијата, зачувување на работните места како и задржување на конкурентната позиција на компаниите.

На оваа седница Владата ја усвои Информацијата за потребата од редизајнирање на Кредитната линија од Посебниот кредитен фонд (ПКФ) и Кредитната линија за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија со цел ставање на средствата од овој фонд и кредитна линија во функција на намалување на последиците од коронавирусот КОВИД-19, со препорака Развојната банка на Северна Македонија олеснетите услови да ги примени во Јавниот повик во најкраток можен рок.

Владата, информираат од владината прес-служба, ја разгледа и усвои Информацијата за пренос на дополнително прибрани средства од Компензационите фондови од странска помош од сметките на Министерството за финансии во Народна банка на Република Северна Македонија на сметките на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот