Владата ќе му плати 32 милиони евра на „Макпетрол“ за акциите во „ГА-МА“

По 32 милиони евра поседуваат „Макпетрол“ и Владата во АД „ГА-МА“, кое управува со системот за пренос на природен гас. Со Предлог-законот за решавање на спортот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и „Макпетрол“ АД Скопје, по пат на спогодба се утврдува дека „Макпетрол“ својот дел од 32 милиони евра ќе ѝ го продаде на Владата.

Предлог-законот денеска беше разгледан на Комисијата за економски прашања.

„Макпетрол АД Скопје поседува и фирма за снабдување со природен гас, што е во спротивност со одредбите од Законот за енергетика кои се однесуваат на сопственичкото раздвојување. За Република Северна Македонија од особено значење е да се задржи сопственоста врз преносниот систем со природен гас и токму поради тоа во член 110 од Законот за енергетика е пропишано дека сопственик на операторот на пренос со природен гас е Министерство за економија, а истовремено преку државната компанија МЕР АД Скопје во тек е изградба на магистралниот гасовод низ целата држава и во иднина по изградба на целосната мрежа, за непречено функционирање, потребно е овој гасовод што го гради МЕР АД Скопје, да се спои со системот на природен гас со кој сега управува ГА-МА АД Скопје“, пишува во Предлог-законот.

Макпетрол и Владата долги години водат судски спорови околу утврдување на сопственичката структура.

„Со Законот се уредува решавањето на спорот, се решаваат несогласувањата помеѓу страните и тој води кон целосно окончување на постапките кои произлегле од ваквиот спор и дава можност за мирно надминување на несогласувањата и завршување на сите започнати постапки“, пишува во законското образложение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот