Владата ќе ја одржи 77 седница

Влада/ фото: МИА

Владата денеска ќе ја одржи редовната 77-ма седница на која, според дневниот ред, ќе биде разгледан Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи.

Како што соопшти владината прес-служба, пред министрите на разгледување ќе се најдат и Информацијата за склучување на Договор за издавање на гаранции од гарантен фонд организиран од Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, како и Информацијата за склучување на Договор за администрирање на Фондот за финансиска поддршка и поддршка на ликвидноста – КОВИД 4 со Предлог одлука за распределба на средства обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија на Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје за финансиска поддршка и поддршка на ликвидноста – КОВИД 4.

На седницата, на предлог на Министерството за труд и социјална политика ќе се разгледува и Информацијата за формирање на Национално координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство, со Предлог-одлука и Предлог-решение.

Седницата, како што информираат од владината прес-служба, ќе се одржи со физичко присуство на членовите и службите во Владата, а за донесените одлуки и заклучоци јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот