Владата ќе ја одржи 68. седница

Влада зграда
Фото: Архива на „Слободен печат“

Владата денеска преку видеоконференциска интернет врска ќе ја одржи редовната 68. седница на која ќе биде разгледуван записникот од триесет и петтиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус ковид-19, одржан на 3 мај 2021 година.

Според дневниот ред, информираат од владината прес-служба, на денешната седница пред министрите ќе се најде Предлог – програмата за изменување и дополнување на Програмата за водостопанство за 2021 година.

На редовната седница, Владата ќе ги разгледува и Информацијата за кредитните барања кои ги исполнуваат условите за кредитирање по Јавниот повик бр. 1 за кредити од кредитната линија за поддршка на микро и мали претпријатија со можност за грант компонента (Ковид 3 кредитна линија), како и Информацијата за извршените и планираните активности во однос на претседавањето на Република Северна Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во 2023 година, предложена од Министерството за надворешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот