Владата ја усвои Информацијата за номинирање на Длабока река на Прелиминарната листа на УНЕСКО

Влада зграда
Фото: Архива на „Слободен печат“

Владата денеска ја разгледа и усвои Информацијата во врска со постапката за номинирање на локалитетот Длабока Река во Националниот парк Маврово на Прелиминарната листа на УНЕСКО.

– Локалитетот Длабока Река како дел од Националниот парк Маврово има исклучителни природни вредности преставени преку голема биолошка и пределска разновидност. Една од основните карактеристики на овој локалитет е старата (девствена) букова шума (Fagus sylvatica) која се развива во долината на Длабока Река на планинскиот масив Кораб, со скоро никаква интервенција на човекот во последните 100 години, наведува владината прес-служба.

Според Владата, Длабока Река се одликува со голема биолошка разновидност, бројни ендемични растителни и животински видови. Се наоѓа во зоната за строга заштита на Националниот парк Маврово и во неа се дозволени само научно-истражувачки активности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот