Владата ја поништи паричната казна која Чулев ја прифати за советникот кој нападна началник

На советникот Ѓорѓиевски дисциплинската мерка му беше изречена и прифатена, два дена пред министерот Чулев да замине од министерската фотелја во МВР.

Владата на седница го поништи дисциплинското решение со кое му беше намалена платата на Зоран Ѓорѓиевски, советник на ексминистерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, како казна поради нападот на началник во СВР Тетово. Неофицијално, решението е поништено бидејќи е донесено во изборен период, кога, дисциплинските постапки не можат да резултираат со откази од работно место, иако, на советникот на Чулев за физичкиот и вербален напад му се заканувала и таква казна. Сега, МВР ќе треба да спроведе нова дисциплинска постапка, со променета комисија и да одлучи како ќе го казни државниот советник, објави А1.он.

На советникот Ѓорѓиевски дисциплинската мерка му беше изречена и прифатена, два дена пред министерот Чулев да замине од министерската фотелја во МВР. Чулев преку статус на социјалните мрежи посочи дека прифатил неговиот советник да се казни со најстрога мерка, без да посочи која е таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот