Владата им ги продолжи договорите на Башановиќ, Обрадовиќ и на Шубара

Премиерот Зоран Заев летово ги продолжил договорите на четворица соработници од Србија на период од уште една година, потврди за БИРН владината прес-служба.

Откако Заев во 2017 дојде на „Илинденска“ ангажираше повеќе надворешни соработници меѓу кои и четворицата од Белград. Нивните договори беа склучени на две години и истекуваа летово. Поранешниот естраден менаџер Зоран Башановиќ и ексдиректорот на државната компанија за производство и за дистрибуција на струја во Србија ЕПС, Александар Обрадовиќ се надворешни соработници за економски прашања, човекот што ја водеше српската Агенција за приватизација, Љубомир Шубара му помага на премиерот околу финансиите, банкарството и околу инвестициите, додека како ИТ-експерт е ангажиран Владимир Цветковиќ.

Башановиќ се договорил со Заев за месечен надоместок од 1.500 евра, додека Обрадовиќ, Цветковиќ и Шубара земаат по 1.200.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот