Владата го задолжи МЗ: Започнете постапка за набавка на дополнителни 200.000 дози на анти-ковид вакцина

Фото: mia.mk

Владата на вечерашната 42 редовна седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за набавка на САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против ковид-19, информираат од владината прес-служба.

Со заклучок на Владата, Министерството за здравство доби задолжение да спроведе постапка за набавка на 200.000 единечни дози од САРС-КоВ-2 инактивирана вакцина против ковид-19, согласно член 55, став (1), точка г) од Законот за јавните набавки, односно преку постапка со преговарање без објавување оглас.

– Станува збор за нова набавка на дополнителни количини, покрај оние од КОВАКС механизмот од 833.000 дози на вакцина за кои Министерството за здравство изврши уплата на авансот и ја обезбеди финансиската гаранција, со што ги исполни финансиските обврски што произлегуваа по основ на склучениот Договор. Според најавите од КОВАКС механизмот, првите количини од оваа набавка се очекува да бидат испорачани во првата половина на февруари, информираат од владината прес-служба.

Владата, преку Министерството за здравство е во завршна фаза од директните разговори со производителот „Фајзер” за набавка на уште 800.000 единечни дози за сукцесивна испорака на договорените количини во наредните месеци од кои првите во февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот