Владата го утврди текстот на Предлог-законот за Агенцијата за разузнавање

Фото: МИА

Владата вечерва на 24-та седница го утврди текстот на Предлог-законот за Агенцијата за разузнавање.

Како што соопшти владината прес-служба, целта на Законот за Агенција за разузнавање е да се направи јасна дистинкција меѓу АНБ чија надлежност се поклопува со надлежноста  на Агенција за разузнавање, согласно постојниот закон.

-Во новиот закон за Агенцијата за разузнавање, јасно е дефинирана надлежноста на Агенцијата да собира, обработува, анализира, разменува, чува и штити податоци и информации од странство, кои се од значење за безбедноста, одбраната, надворешно – политичките интереси на Република Северна Македонија, стои во соопштението.

На оваа седница, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за отпочнување процес на кодификација на правото во земјава и го задолжи Генералниот секретаријат на Владата да спроведе постапка за јавна набавка на софтвер и софтверско решение со кој што ќе се изврши кодификација на правото во земјава.

За оваа цел, Владата ги задолжи Министерство за правда, Канцеларијата на претседателот на Владата и Генералниот секретаријат на Владата, а се препорачува на Собранието, државните универзитети, Универзитет „Св.Кирил и Методиј”, Универзитет „Св.Климент Охридски”, Универзитет „Гоце Делчев” и Државен универзитет во Тетово, од областа на правото – во рамки на своите Правни факултети, во рок од пет дена да номинираат по еден претставник до Министерсто за правда, со цел формирање на оперативна работна група.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот