1.1 C
Скопје

Владата го утврди Предлогот за ребаланс на Буџетот: Дефицитот на 8,4 отсто, редовна исплата на пензии и социјални трансфери

Владата на вечерашната осма седница го утврди Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2020 година и донесе заклучок да го достави на усвојување до Собранието. Како што се наведува во соопштението на владината прес-служба, согласно финансиските показатели, проекциите покажуваат дека дефицитот во Буџетот ќе изнесува 8,4 отсто, заради растот на расходната страна во која со најголем процент учествуваат мерките за ублажување на економските последици предизвикани од пандемијата со ковид-19.

– Приходната страна на Буџетот останува непроменета, а очекуваниот дефицит ќе се покрие со задолжување на домашниот пазар. Со ребалансот на Буџетот не се предвидени никакви импликации во однос на социјалните трансфери и пензии и тие ќе се исплаќаат редовно, информираат од Владата.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Милошоски недостапен за изјава во врска со тврдењето дека пратеник силувал жена

Во соопштението се нагласува дека сите мерки од четирите пакети за поддршка на економијата и на граѓаните во услови на здравствено-економска криза ќе се реализираат согласно плановите за ликвидност на економијата до крајот на годината, преку ликвидност на компаниите и за зголемување на јавната потрошувачка.

– Со дополнително кратење на непродуктивни трошоци и со реалокација на средствата во Буџетот, ќе се задржи исполнување на обврските како што се редовната исплата на доспеаните долгови и субвенции, особено во програмите за рурален развој, за образование, за заштита на животната средина и други еколошки проекти, како и за реализација на капиталните проекти, се наведува во соопштението  од владината седница.

Поврзани вести

Мина „мазно“ во Сенатот: Ентони Блинкен е нов шеф на американската дипломатија

Слободен печат

СДСМ: Зад бојкотот и саботажата на пописот стои Груевски, Мицкоски е само извршител

Слободен печат

Црна Гора ќе повлече седум амбасадори: Меѓу отповиканите и Тарзан Милошевиќ од Србија

Слободен печат

Двојно повеќе жртви од Втората светска војна: Над 100.000 смртни случаи во Велика Британија од ковид-19

Слободен печат

Hello, Moscow calling: Прв телефонски разговор меѓу Путин и Бајден по трансферот на власта во Вашингтон

Слободен печат

Бајден уверен: „Северен тек 2“ е лош договор за Европа

Слободен печат

Остави Коментар