Владата го прифати предлог-законот: Правосуден испит ќе се полага пред комисија

Фото: Профимедиа

На денешната седница на Владата беше прифатен предлог-законот за тоа правосудниот испит да се полага пред комисија, а не електронски.

Законот сега се очекува да биде испратен на усвојување во Собранието.

Овој предлог закон е дел од пакетот од Стратегијата за реформи на правосудството и од Планот 18, и основна цел за негово донесување е усогласување на оваа област со легислативата на ЕУ според која се налага укинување на електронскиот начин на полагање на правосудниот испит и воведување на писмено и усно полагање на кандидатите пред стручна комисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот