Владата го помага откупот на зелка во струмичко

Со ангажман на Министерството за земјоделство во Струмичко откупени 40 тони пролетна зелка од страна на компании од Косово.

Од четири струмички села се откупени 40 тони пролетна зелка по цена од 8 до 10 денари за килограм, информираше Митко Караиванов, откупувач од Струмица.

– Зелката е откупена од земјоделци од селата Сарај, Муртино, Сачево и Просениково, вкупно 40 тони, односно по 10 тони од секое село. Зелката ја откупува компанија од Косово и истата е веднаш платена, додаде Караиванов.

Откупот треба да продолжи утре и во други населени места во Струмичко каде се произведува пролетна зелка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот