Владата го ограничи извозот на заштитни маски

Македонија Скопје плоштад ковид-19 коронавирус маски
Девојки со заштитни маски пешачат низ празниот плоштад во Скопје /14 март 2020, Скопје, Северна Македонија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Владата  донесе одлука за ограничување на извозот на економските оператори и производители на заштитни маски од државава во количина која нема да надминува 80 проценти од просечното дневно производство на заштитни маски од хартија, целулозна вата или целулозни влакна и пластични маски со текстилен филтер.

-Економските оператори и производители на заштитни маски при секој извоз на заштитни маски кон царинската декларација се должни да достават изјава од извозникот и производителот дека во секој момент во магацините односно складовите располагаат со 20 проценти од просечното дневно производство на заштитни маски, која количина е наменета исклучиво за потребите на домашниот пазар, информира владината прес-служба по седницата на Владата.

Усвоено е дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот КОВИД-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот