Владата го одобри договорот за набавка на руските вакцини

Владата вчера ме овласти да го потпишам договорот за набавка на вакцини од Русија. Имавме затворена седница. Договорот е практично по истиот принцип како што беа и останатите договори. Станува збор за количина од 100 илјади дози, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека веќе интензивно уште во текот на вчерашниот ден во попладневните часови преку претставници на Руската амбасада се обидуваат да добијат поточни и поконкретни информации во однос на тоа кога би пристигнале вакцините во земјава.

Посочи дека и денеска ќе продолжи комуникацијата со претставниците на компаниите „Синофарм” и „Фајзер”.

– Искрено се надевам дека во следните денови ќе ги имаме и конкретните датуми засега остануваме во интензивните разговори со претставници на двете компании, рече Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на поликлиниката Букурешт по повод донација од Стопанска банка за Здравствениот дом во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот