Владата го нема добиено писмото на Мерко дека се откажува од ингеренциите

Влада зграда
Фото: Архива на „Слободен печат“

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко се откажува од надлежностите на Општината за урбанистичко планирање, градежни дозволи, издавање концесии и за спроведување на забелешките од страна на УНЕСКО и ги отстапува на Владата.

Новинската агенција Журнал пишува дека струшкиот градоначалник денеска за ова писмено го информирал премиерот Зоран Заев. МИА се обиде да стапи во контакт со градоначалникот Мерко, но по неколкуте обиди мобилниот му беше исклучен.

Од Владата на Република Северна Македонија за МИА информираат дека до овој момент кај нив не стигнало такво барање.

– До овој момент во Владата нема стигнато такво барање, посочи за МИА владината прес-служба.

Во писмото кое го сподели Журнал меѓу другото стои дека Мерко, до оваа одлука дошол по долгорочната кампања која се води против него и Струга со цел, како што вели, да се покријат дивоградбите во Охрид и опасноста за одземање на статусот заштитено подрачје под УНЕСКО на Охридското Езеро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот