Владата го демантира МВР- не било нивно запаленото „ауди“

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Владата до нашата редакција испрати демант поврзан со веста која „Слободен печат“ ја објави од полицискиот билтен на МВР, во која читко пишува дека при пожар се запалило возило во припадност на Владата.

Оттаму ја демантираат веста, посочувајќи дека возилото за кое пишува МВР не припаѓа на Владата.

-Ви посочуваме дека според информациите на Службата за општи и заеднички работи во Владата на Република Северна Македонија, возилото за кое се пишува во вашиот текст дека е опожарено не е во сопственост на Владата на Република Северна Македонија- стои во демантот од Владата.

Во дневниот билтен на МВР пак, јасно пишува дека опожареното возило „ауди“ е всушност владино.

– Утрово во 02:30 часот во СВР – Скопје било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Кеј Димитар Влахов”, настанал пожар, при што била опожарена сува трева и заден дел на паркирано патничко возило „ауди 4″, без регистарски ознаки, сопственост на Владата на Република Северна Македонија, соопштуваат од МВР- е наведено во дневниот билтен на МВР.

Во пожар во Скопје изгоре владино возило

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот