Владата ги поништи решенијата на Мизрахи за разрешување директори на центрите за социјална работа

Влада зграда
Фото: Архива на „Слободен печат“

Владата ги поништи решенијата на техничката министерка Рашела Мизрахи за разрешување на директорите во меѓуопштинските центри за социјална работа во Штип, Битола, Пробиштип, Валандово, Прилеп и Радовиш.

Целото соопштение прочитајте го во продолжение:

„Владата вечерва донесе одлука за поништување на решенијата за разрешување на должност вршители на должност и именување на вршители на должност директори во јавните установи – меѓуопштински центри за социјална работа во Штип, Битола, Пробиштип, Валандово, Прилеп и Радовиш.

Одлуката на техничката министерка Рашела Мизрахи за разрешување и именување на вд директорите на центрите за социјална работа е донесена спротивно на чл.46 став 2 од Законот за влада: „Дополнителниот заменик на министерот заедно и рамноправно со министерот учествува во остварувањето на надлежностите предвидени во Законот за организација и работа на органите на државната управа„.

Со оглед дека целта за избор и на техничкиот министер и на дополнителниот заменик на министер е организација на изборите за пратеници во Собранието, сите правни и кадровски прашања потребно е заедно и рамноправно да се разгледуваат и за истите заедно и рамноправно да се носат одлуки односно да се одобруваат, што следствено ќе биде верификувано со акт/документ кој ќе биде потпишан во случајов од министерката и од дополнителната заменичка на министерката.

Техничката министерка, спротивно на законот и со притисок врз вработените во архива (со писмена наредба) ги донела решенијата за разрешување и решенија за именување на други вршители на должност директори во јавни установи меѓуопштински центри за социјална работа.“ пишува на Фејсбук профилот на Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот