Владата ги објави фирмите кои добиле државна помош, а не им исплатиле на вработените

Владата ја објави листата на фирми кои добиле државна помош, а не исплатиле плати на вработените во декември.

Од оние што не исплатиле плата на вработените, а добиле помош, во декември, 78 компании се од дејноста трговија на мало кои примиле помош во износ од 2.219.584 денари, а не исплатиле плата на 145 вработени, 44 фирми се од дејноста подготовка на оброци и служење храна кои примиле 2.239.825 денари и не исплатиле плата на 130 вработени, 26 фирми се од градежништвото кои добиле помош од 944.106 денари и не исплатиле плата на 57 вработени.

Меѓу фирмите кои ја злоупотребиле финансиската поддршка се и од транспортната дејност, трговија на големо, трговија на големо и мало со моторни возила и мотоцикли и услужни дејности.

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска во четвртокот информира дека се пратени опомени до компаниите, и предупреди доколку не ја исплатат пмошта, ќе следи присилна наплата со блокада на паричните средства на нивните сметки и пренос на средствата на сметките на вработените и уплатните сметки на УЈП.

Во декември лани 13162 компнии добиле државна поддршка за 60986 вработени во износ од 961.865.357 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот