Владата е решителна да се изгради објект за учениците од Идризово

1 октомври 2020, Скопје / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

И премиерот Заев додаде дека Владата дискутирала за ова прашање и потврди дека Владата е решителна да се изгради објект за учениците од Идризово, а дотогаш ќе одат на настава во најблиските населени места.

Владината комисија преразгледувала и одобрила нови барања за настава со физичко присуство, особено во ридско-планински подрачја.

– Синоќа прифативме нов извештај во кој нови десетици подрачни основни училишта се одобрени за физичка настава. Паралено со тоа сме благодарни на МРТ за обезбедување настава, како и на директори, наставници и градоначалници кои дистрибуираат електронски и печатени материјали до децата. Работиме секојдневно за непречено и комплетно функцонирање на онлајн-наставата на територијата на целата држава, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања.

Министерката за образование Мила Царовска соопшти дека во мал број училишта има бојкот. Во Дебар, рече, е надмината состојбата и дека учениците се навикнуваат на промената. Соопшти дека кај учениците од прво до трето одделение, 98 проценти следат настава со физичко присуство, а само 1,5 до 2 отсто онлајн, по избор на родителите.

Кај повисоките одделенија, на над 620 училишта, централни и подрачни, им е одобрено настава со физичко присуство, најголем број се во рурални средини и во ридско-планински подрачја.

-Во 75 до 78 проценти без проблеми се одвива онлајн-наставата. Во останатите 20-ина проценти најчесто имаат проблем со пристап до интернет или со ИТ-опрема, но тоа се надминува тековно. Ова е тежок процес во кој одиме сите заедно и со бојкот нема да постигнеме ништо. Тоа е неконструктивен начин за покажување незадоволство кое во суштина е поради промени. На пандемијата мора да се навикнеме, не станува збор за желби, рече Царовска.

Во врска со изградба на училишен објект во Идризово., таа одговори дека треба да се создадат законски услови и зависи од подготовката на сите потребни документи – од Министерство за транспорт и врски, преку локална самоупара за да стигне до МОН како проект со целосна техничка документација и да може да се испланира како капитална инвестиција.

И премиерот Заев додаде дека Владата дискутирала за ова прашање и потврди дека Владата е решителна да се изгради објект за учениците од Идрзово, а дотогаш ќе одат на настава во најблиските населени места.

-Верувам дека проектната документација бргу ќе биде завршена и ќе реалоцираме средства за да може веднаш да почне изградбата на училиштето и трајно да може децата да учат во местото на живеење и на својот мајчин јазик, додаде Заев. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот