Владата донесе одлука за откуп на 700 тони вишок тутун

фото: МИА

Владата синоќа на седница ја разгледа и усвои информацијата за состојбите за откуп на тутун од реколта 2020 година и донесе заклучок да му се укаже на Тутунскиот комбинат Прилеп да ги преземе сите активности да се откупат дополнителни 700 тони тутун од вишокот од последната реколта.

Во соопштнието од владината прес служба се наведува дека како доминантен сопственик на Тутунски комбинат Прилеп, Владата на Северна Македонија преку својот претставник во ова акционерско друштво ќе иницира постапка за реализација на овој заклучок на собранието на акционери на Тутунски Комбинат Прилеп.

Владата ги задолжи заменик-претседателот на Владата за економски прашања,  министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и министерот за финансии во рок од 15 дена од Ковид програмата да обезбедат привремена финансиска поддршка за откуп на тутун со рок на враќање 10 декември 2021 година.

На седницата Владата ја усвои и информацијата дека неколку откупни претпријатија изразија подготвеност да откупат уште околу 600 тони од вишокот тутун од реколтата 2020, како и информацијата дека Тутунскиот комбинат – Прилеп ја презема реализацијата на 785 договори од Далија табак – Делчево за откуп на тутун од производителите, бидејќи оваа компанија не ги обезбеди потребните средства за откуп на 455 тони предвидени со овие договори

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот