Владата донесе одлука за формирање Комитет за преговори во приклучувањето на земјата кон ЕУ

На 143-тата седница на Владата донесена е одлука за формирање на работни групи за подготовка на Национална програма за усвојување на правото на ЕУ и подготовка на преговарачки позиции за преговори за ченство во Унијата, соопштуваат од Влада.

На седницата, според информациите, донесена е и одлука за формирање на Секретаријат на структурата за преговори, како и канцеларија на главниот технички преговарач.

Во пакетот одлуки за подготовка на Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија и за подготовка на преговарачките позиции за преговори, е донесена и одлука за формирање државна делегација и Комитет за преговори во пристапувањето на нашата држава во Унијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот