Владата донесе одлука да се врати спортската сала и други објекти на општина Куманово

Влада зграда
Фото: Архива на „Слободен печат“

Владата на вчерашната седница донесе одлука спортската сала и другите спортски објекти да и бидат вратени на општина Куманово како и други спортски сали и објекти од неколку други општини.

–Со овие одлуки, спортските сали се враќаат во владение и на управување на општините и стануваат поблиску до граѓаните и до спортските клубови во локалните заедници со што се отвораат можностите и потенцијалите за нивна поголема искористеност и за развој на спортот и физичката култура, се вели во соопштението.

Претходно и локалната власт информираше дека благодарение на позитивната волја на Владата, општината ќе си ги врати под управување градскиот стадион, стрелиштето, спортската сала и комплексот Соколана.

-Општина Куманово подолг временски период водеше иницијатива  да си ги врати спортските објекти во сопствена надлежност што своевремено и припаѓаа за да може да планира инвестиции во објектите, бидејќи  се наоѓаат во очајна, многу лоша состојба, поради нерасчистени должничко-доверителски односи, склучување договори од страна на субјекти кои не ги исполниле своите обврски, изјави тогаш кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Првично беше вратен под владение спортскиот комлекс Соколана. Општината ќе има обврска да ги заштити овие објекти, да подготви планови за реконструкција. Претходно Куманово одвои два милиони денари за изработка на проект за спортската сала, но ќе се бараат дополнителни средства од Владата за реконструкција.

Претходно, кумановскиот градоначалник изјави дека не ја исклучува можноста за јавно-приватно партнерство и најави дека дивоизградените објекти околу спортските комплекси ќе бидат отстранети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот