Владата денеска ќе одржи редовна седница, ќе биде разгледана информацијата со анализа и акциски план за Преспанското Езеро

Информацијата со анализа и акциски план за Преспанското Езеро, подготвена од експертската работна група, ќе биде разгледана денеска на редовна седница на Владата, што ќе се одржи преку видео-конференциска интернет врска со почеток во 12:00 часот.

На 32. седница, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе се утврдуваат текстовите на повеќе предлог закони, за управување со отпадот, за проширена одговорност на производителот во управувањето со посебни текови на отпад, за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, за управување со пакување и отпад од пакување, и за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори.

Владата треба да се произнесе и по Предлог – годишниот извештај за учеството на припадници на Армијата и вработените во Министерството за одбрана во хуманитарни операции, меѓународни операции, во НАТО мисии и операции и операции во примената на правото на индивидуална или колективната самоодбрана, како и во операции за кризен менаџмент и кооперативна безбедност надвор од територијата на Република Северна Македонија во 2020 година.

Пред министрите во Владата денеска ќе се најде и информацијата со извештај за преземени активности предвидени во Националната стратегија за развој на концептот за eдно општество и интеркултурализмот и Акцискиот план за спроведување за 2020-2022 година.

За заклучоците и одлуките од седницата јавноста ќе биде информирана со соопштение, најави владината прес-служба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот