Владата даде согласност за префрлање на вишок средства за блок донации на сметката на Општина Куманово

Куманово/ фото: МИА

Владата на вечерашната 73-та редовна седница, одржана видеоконференциска врска, го разгледаа Барањето за согласност за префрлање на вишок средства од сметката за блок дотации на сметката на основниот Буџет на Општина Куманово за 2021 година и даде согласност по Одлуката за одобрување префрлање на вишокот средства.

Како што информира владината Прес-служба, Одлуката за одобрување префрлање на вишок на средства од сметката за блок дотации на сметката на основниот Буџет на Општина Куманово за 2021 година е донесена од Советот на Општина Куманово, со дополнително Известување, за користење на овие средства.

Согласно Известувањето, средствата ќе се користат за изградба и реконструкција на мини детски игралишта и училишни игралишта, како и за санација и реконструкција на санитарни јазли и тоалети, санација на кровови, набавка на дигитална опрема и помошно-технички помагала за кабинетска настава и адаптација на кабинети во основни училишта на територијата на Општина Куманово.
– Овие одлуки се носат врз основа на член 22 од Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, за користење на вишокот средства од сметките за блок дотации од Буџетот на државата, на барање на општините, се додава во соопштението од владината седница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот