Владата даде согласност за објавување на извештајот на ГРЕКО за евалуација на РСМ

Владата на денеска одржаната 140.седница ја усвои информацијата за извештајот на ГРЕКО за евалуација на Република Северна Македонија – Петти круг на тема: „Спречување на корупција и промовирање на интегритет кај централната власт (највисоките извршни функции) и органите за спроведување на законот”, и даде согласност за објавување на извештајот.

На седницата, како што соопшти владината прес-служба,  Владата го задолжила Министерството за правда да го информира ГРЕКО за нејзината согласност за објавување на извештајот на ГРЕКО за евалуација на Република Северна Македонија – Петти круг. Владата го задолжила Министерството извештајот да го објави на својата веб страница во превод на македонски јазик, во рок од седум дена.

Дополнително, како што се посочува, Владата презела обврска да назначи советник за интегритет кој ќе има обврска да врши упатување и советување на членовите на Владата и лицата именувани од Владата за спроведување на препораките од овој извештај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот