Владата бара кризната состојба во енергетиката да се продолжи за шест месеци

Далновод енергетика енергетска политика струја
Струја / Фото: МИА

На една недела до истекот на 30-дневната кризна состојба во енергетиката, Владата подготвува предлог-одлука за продолжување на рокот за дополнителни шест месеци, која ќе ја достави до Собранието.

Целта е да се остави простор за дополнителни активности во справувањето со кризата и снабдувањето со струја, велат од Владата.

Иако се најавуваше за вчера, Владата сепак не дискутирала околу тоа колкаво поскапување на струјата побарала државната ЕСМ. Иако во јавноста се појавија информации за можно зголемување на цената и до 20 отсто, од Владата велат дека ќе останат воздржани сѐ додека енергетските компании не ги направат конечните пресметки.

И ВМРО-ДПМНЕ е за продолжување на кризната состојба, па ветија дека ќе го поддржат гласањето на оваа точка. Дополнително, за да се спречи дополнителен ценовен шок, бараат Владата да одвои 250 милиони евра за помош на домаќинствата и фирмите.

„Најпрво, бараме да се предвидат 250 милиони евра за субвенционирање на електричната енергија на граѓаните и компаниите за да се спречи дополнителен ценовен шок и инфлација. Како второ, бараме да се обезбедат пари за сите општини кои од почетокот па се до крајот на енергетската криза се соочиле со раскинување на договорите од страна на снабдувачите односно да се покрие разликата меѓу првично склучениот договор и моменталната цена на електричната енергија.“вели Владо Мисајловски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Цената на електричната енергија на берзите и натаму е над вртоглави 200 евра по киловат час, па фокусот и натаму е стимулирање на домашното производство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот