Влада: Уставниот суд да ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Уредбата за прашања поврзани со изборниот процес

Фото: Слободен печат/Драган Митрески
Владата денеска на седница оформи мислење за иницијативата доставена до Уставниот суд за оценување на уставноста на Уредбата за прашања поврзани со изборниот процес, во кое се истакнува дека одредбите од Уредбатa со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес се целосно во согласност со Уставот на Република Северна Македонија, и заради што на Уставниот суд на Република Северна Македонија му предложи поднесената иницијатива во целост да ја отфрли како неоснована.
Како што соопшти владината прес-служба, на барање на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Владата денеска утврди мислење да му предложи на Уставниот суд во најкраток можен рок да ја укине изречената времена мерка, а поднесената иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на и законитоста на Уредбата со законска сила за јавнообвинителските службеници, истражителите и другите вработени во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите и за финансирање на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите („Службен весник на Република Северна Македонија” број 90/2020), во целост да ја отфрли како неоснована.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот