Влада: Пауновски доби три дописи во април, имаше и усни укажувања за неговото непостапување

Од Владата преку Твитер тврдат дека директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Стојко Пауновски три пати бил писмено информиран за непостапување во случајот со преземањето на рамковно вработените од Министерството за политички систем и за односи меѓу заедниците.

„Пауновски е детално информиран за неговото непостапување – ДПИ доби дописи на 5, 10 и 21 април од министерствата за политички систем и информатичко општество и администрација. Имаше и повеќе усни укажувања.“, пишува на Твитер профилот на портпаролот на Владата.

Од таму додадоа и дека во меѓувреме Пауновски не побарал средба, не разговарал и не предложил начин на решавање на евентуалните предизвици.

Ова соопштение од Владата следи по изјавата на Пауновски за Алсат, дека не добил никакво укажување од Владата за неговото однесување.

Пауновски: Немам добиено никакво укажување од Владата за моето однесување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот